Сопругата на Синиша Михајловиќ за последните моменти: Оди љубов, јас ќе се грижам за децата

August 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сопругата на Синиша Михајловиќ за последните моменти: Оди љубов, јас ќе се грижам за децата

Аријана Михајловиќ, сопругата на легендарниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, за првпат отворено проговори за последните моменти од неговиот живот. Во интервју за „Калчомеркато“ таа раскажа дека докторите во последните месеци од борбата со леукемијата јасно им ставиле до знаење дека Синиша нема да успее да преживее, но одлучиле да не му ја кажат вистината за да не му ја одземат надежта. „Разговарав со нашите деца и заедно решивме да не му кажеме. Не сакавме да му ја одземеме таа трошка надеж која го држеше врзан за животот. И тој никогаш не праша, не сакаше да знае, не сакаше да се предаде“, вели Аријана. Таа се присети и на еден од последните разговори со својот сопруг. „Една недела пред да почине ме погледна и ми кажа: ‘Јас сум среќен, ве имам вас. Сакам да остарам со своите деца... сакам многу внуци’. Тогаш му реков: ‘Па љубов, нели веќе имаме една внука? Зарем не си среќен?’ А тој ми одговори: ‘Сакам уште многу’. Тоа беше неговиот сон кој никогаш не го доживеа и тоа најмногу боли.“ Аријана откри дека во моментот кога починал, целото семејство било со него. „Го држев за рака и му шепнав: ‘Оди љубов, не грижи се. Јас ќе се грижам за децата’. Тоа беше единствениот момент кога престана да се бори и дозволи да одлета. Никој до тој момент во собата немаше храброст да заплаче.“ Синиша Михајловиќ почина во декември 2022 година, по долга борба со леукемијата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.