Јунајтед ќе заработува паметно: Гостински натпревари ќе се следат од „дома“

August 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед ќе заработува паметно: Гостински натпревари ќе се следат од „дома“

Манчестер Јунајтед, покрај засилувањата на теренот, активно работи и на подобрување на својата финансиска стабилност. Најновата идеја на раководството е уникатна – навивачите ќе можат да ги следат гостинските натпревари на својот омилен тим директно од Олд Трафорд! Станува збор за нова програма според која просторот на стадионот ќе се претвори во фан-зона со атмосфера налик на британски паб. Ќе бидат поставени големи екрани, ќе се служи храна и пијалоци, а присутните ќе можат заедно да ги бодрат „црвените ѓаволи“ – иако тимот реално игра надвор од Манчестер. Цената за ова искуство ќе изнесува 29 евра по натпревар. Првичен приоритет за купување на влезници ќе имаат сопствениците на сезонски карти, кои веќе имаат можност да резервираат место за следење на претстојните гостувања против Фулам, Манчестер Сити и Брентфорд. Со оваа иновација, клубот не само што создава нов извор на приходи, туку и дополнително го зближува клубот со фановите, нудејќи им автентично заедничко искуство, дури и кога тимот е далеку од дома.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.