August 3, 2025 | | Свет
Голема драма донесе натпреварот од Лига Купот меѓу Интер Мајами и мексиканскиот Некакса, кој заврши со победа на американскиот тим по изведување пенали. Херој на мечот беше Жорди Алба, кој со гол со глава во 92. минута го спаси својот тим од пораз и го однесе натпреварот во пенали. Уште на самиот старт Лионел Меси се повреди и мораше да биде заменет. И покрај шокот, домашниот тим поведе во 12. минута со прекрасен удар од далечина на Шеговија – 1:0. Но, веќе во 17. минута следеше нов удар за тимот. Дефанзивецот Фалкон доби директен црвен картон по контроверзна одлука на судијата, иако повторувањата покажаа дека ситуацијата беше најмалку сомнителна. Мексиканците ја искористија предноста од играч повеќе и во 33. минута преку Бадалони израмнија на 1:1. Во второто полувреме, ситуацијата повторно се промени. Во 60. минута играчот на Некакса, Калдерон, доби втор жолт картон, по што силите на теренот се изедначија. Во 81. минута Монреал постигна гол за комплетен пресврт и водство на Некакса од 2:1. Се чинеше дека гостите ќе излезат како победници, но тогаш се појави Жорди Алба – и покрај својата ниска висина – со удар со глава во 92. минута израмни на 2:2 и донесе пенал-рулет. Во пенал-серијата посмирени беа фудбалерите на Интер Мајами и стигнаа до победа. Според правилата на Лига Купот, победата на пенали носи два бода, а не три, но за Мајами тоа значи многу по бурен натпревар полн со емоции, повреди и пресврти.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |