August 3, 2025 | | Свет
Кога во самата завршница на 2019 година Жозе Мурињо го презеде Тотнем, една од неговите најважни задачи беше да го врати на прав пат некогашниот фудбалски бисер – Деле Али. Но, наместо напредок, односот меѓу двајцата брзо се влоши. Али веќе имаше нарушени релации со тогашниот менаџер Маурисио Покетино, а слична судбина го снајде и со Португалецот. Мурињо не беше задоволен од ангажманот на играчот на тренинзите, однесувањето и општиот став, па постепено го тргна од теренот, за на крајот целосно да го отстрани од тимот. Во еден емотивен момент, Мурињо го викна на приватен состанок и се обиде да му влее мотивација со зборови што денес звучат речиси пророчки: „Јас имам 56 години, а вчера, вчера, имав 20. Времето лета. Мислам дека еден ден ти ќе жалиш ако не го достигнеш она што можеш да го достигнеш. Не очекувам од тебе да бидеш играч на натпреварот на секој меч. Не очекувам од тебе да постигнуваш голови на секој натпревар. Сакам само да ти кажам дека ќе жалиш. Ти треба да бараш повеќе од себе. Не јас да барам повеќе од тебе, не јас, не никој. Туку ти да бараш повеќе од себе.“ Иако тоа беше момент кога многумина очекуваа пресврт во кариерата на Деле Али, тој пресврт никогаш не дојде. Следуваа трансфери, повреди, психички падови и неостварени шанси во Евертон, Бешикташ и најново – во Комо. Денес, на само 29 години, некогашниот талент на англискиот фудбал сериозно размислува за пензија. А зборовите на Мурињо звучат гласно – како предупредување што стана реалност.
Mourinho warned him💔 pic.twitter.com/On25T42q2w https://t.co/phBPrV3rHv
— (fan) Trey (@UTDTrey) August 2, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |