August 3, 2025 | | Свет
Трабзонспор се распрашува за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, чиј престој во Лајпциг се приближува кон крајот. Германскиот клуб е подготвен да го пушти 24-годишниот фудбалер за обештетување од околу 20 милиони евра, што моментално е најголемата пречка за турскиот тим. Елмас пристигна во Лајпциг во 2024 година од Наполи за околу 24 милиони евра, но не ја доби вистинската шанса да се наметне. Поради тоа беше испратен на позајмица во Торино, каде што одигра солидна полусезона, но италијанскиот клуб не ја активираше опцијата за откуп. За Елмас постои интерес и од клубови од Шпанија и Италија, но Трабзонспор сака да го убеди да ја продолжи кариерата во турската Суперлига, во клубот каде што претходно настапуваше и Енис Барди.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |