Тажно збогување на Сон, но и катастрофа за „петлите“ – тешка повреда на Медисон (ВИДЕО)

August 3, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тажно збогување на Сон, но и катастрофа за „петлите“ – тешка повреда на Медисон (ВИДЕО)

Хеунг Мин Сон денеска го одигра својот последен меч за Тотнем, а начинот на кој беше испратен говори многу за неговиот карактер и значење за клубот. На пријателскиот меч против Њукасл (1-1), Сон беше заменет во 64. минута. Целиот стадион се крена на нозе, навивачите долго му аплаудираа, а соиграчите со многу емоции се збогуваа со него.

Сепак, мечот заврши со голема тага за лондонскиот клуб. Во финишот на натпреварот се повреди Џејмс Медисон, а неговата реакција сугерира сериозна повреда. Играчот веднаш се фати за главата, почна да скока од болка и набрзо беше изнесен на носилки. Сè уште нема официјални информации за тежината на повредата, но според начинот на кој Медисон реагираше, стравувањата се дека станува збор за потешка состојба.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.