August 3, 2025 | | Македонија
Детонит Плачковица продолжува со летната реконструкција на тимот. Клубот од Радовиш, кој го предводи Горан Здравков, го претстави и своето најново засилување – Никола Сарески, 20-годишно лево крило. Сарески доаѓа од редовите на Кожуф (Гевгелија), а во својата досегашна кариера настапуваше и за Љуботен, Тетекс и Победа Прилеп. Новата сезона во Втората лига започнува на 23 август, а Детонит Плачковица во првото коло ќе гостува кај Големо Коњари. Ова е уште едно во низата засилувања на радовишкиот второлигаш, кој претходно ги доведе Сашко Дуков, Филип Ѓорѓиевски, Стефан Бабунски, Тино Спасиќ, Мартин Мисердовски, Јасмин Казимоски и Зоран Андонов.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |