August 3, 2025 | | Свет
Бразилскиот фудбалер Реиниер Жесус по пет и пол години ја заврши својата авантура во Реал Мадрид, без да одигра ниту еден официјален натпревар за првиот тим. Реиниер во јануари 2020 година пристигна од Фламенго за 30 милиони евра, а на своето претставување не го криеше емотивниот момент што потпишал за „кралскиот клуб“. Сепак, големите очекувања не се остварија – за разлика од неговите сонародници Родриго и Винисиус, тој не успеа да се наметне. Во изминатите сезони бразилскиот офанзивец беше испраќан на позајмици во Борусија Дортмунд, Жирона, Фросиноне и Гранада, но нигде не доби континуитет и вистинска шанса за афирмација. Последните недели тренираше со младинскиот и вториот тим на Реал. Сега, на 23 години, Реиниер заминува како слободен агент и потпишува за Атлетико Минеиро, надевајќи се дека со враќањето во Бразил ќе ја оживее својата кариера.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |