Шкендија ги дозна можните ривали за плејофот во ЛШ и ЛЕ

August 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкендија ги дозна можните ривали за плејофот во ЛШ и ЛЕ

Македонскиот првак Шкендија ги доби потенцијалните противници за плејоф фазата, и тоа во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, зависно од исходот на претстојниот двомеч со Карабах. Доколку тетовци приредат изненадување и го елиминираат Карабах, во плејофот за ЛШ ќе играат против еден од следните носители:

  1. Бодо/Глимт
  2. Селтик
  3. Победникот од Малме – Копенхаген
  4. Победникот од Лех – Црвена Звезда
  5. Победникот од Лудогорец – Ференцварош
  6. Ждрепката за плејофот во ЛШ ќе се одржи утре во 12:00 часот.
Во случај на пораз од Карабах, Шкендија ќе продолжи во плејофот на Лига Европа, каде што потенцијални противници се:  
  1. Јанг Бојс
  2. Поразениот од Лудогорец – Ференцварош
  3. Поразениот од Малме – Копенхаген
  4. Подобриот од Хамрун – Макаби Тел Авив
Ждрепката за Лига Европа ќе биде одржана еден час подоцна – во 13:00 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.