August 4, 2025 | | Свет
По осум години пауза, легендарниот фудбалски функционер Адријано Галијани повторно ќе работи во Милан. Емотивното враќање на човекот кој остави огромна трага во клупската историја е во завршна фаза, а „росонерите“ повторно ќе го имаат еден од архитектите на своите најславни години. Галијани ја напушта функцијата во Монца и се враќа на „Сан Сиро“ како советник, со што започнува нова етапа во соработката со клубот. Неговиот кам-бек стана реалност благодарение на иницијативата на Џери Кардинале и Златан Ибрахимовиќ, кои посакувале токму тој да биде дел од новата ера на Милан. Со овој потег управата сака да ја врати стабилноста во клубот и да ги смири страстите на навивачите, кои жестоко реагираа по заминувањето на Паоло Малдини и разочарувачката измината сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |