August 4, 2025 | | Свет
Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ја избра грчката Суперлига како своја следна дестинација. Според информации на шпанска „Марка“ и потврда од српските медиуми, Јовиќ постигнал договор со АЕК Атина, а официјализацијата на трансферот се очекува наскоро. По разделбата со Милан, Јовиќ имал неколку понуди – една од Мексико, друга од новиот член на Ла Лига, Овиедо – но и двете ги одбил. Српскиот напаѓач сметал дека тимовите не се доволно компетитивни и дека АЕК нуди подобри услови и амбиции. Јовиќ, кој има 27 години, кариерата ја почна во Црвена звезда, па играше за Бенфика, а блескаше во Ајнтрахт Франкфурт, од каде што заслужи трансфер во Реал Мадрид за над 60 милиони евра. Но, во шпанскиот гигант не успеа да се наметне, по што следуваа периоди во Фиорентина и Милан, без значајна улога. Сега пред него е нов предизвик во Грција, каде се надева на континуитет и рестарт на кариерата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |