Барселона славеше со убедливи 5-0, деби гол за Рашфорд! (ВИДЕО)

August 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона славеше со убедливи 5-0, деби гол за Рашфорд! (ВИДЕО)

Барселона одигра уште една импресивна партија во рамки на подготовките за новата сезона, совладувајќи го Тегу од Јужна Кореја со убедливи 5-0. Каталонците натпреварот го решија уште во првото полувреме – Гави постигна два погодоци, а Роберт Левандовски ја зголеми предноста на 3-0 пред паузата. Во вториот дел, Фернандез погоди за 4-0, а Маркус Рашфорд во 65. минута го постави конечниот резултат од 5-0. Барселона со ова продолжува да покажува одлична форма пред стартот на новата сезона, со голема ефикасност и стабилна игра во одбраната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.