УЕФА објасни зошто даде пенал на Германија

June 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

УЕФА објасни зошто даде пенал на Германија

Германија ја совлада Данска со 2-0 и се пласираше во четвртфиналето. Данска покажа повеќе отколку можеби некој очекуваше, па натпреварот беше прилично неизвесен. Воедно, во центарот на вниманието повторно се најдоа судиските одлуки. Имено, Мајкл Оливер во 53. минута досуди пенал од кој Германија го постигна првиот гол на натпреварот каде стрелец беше Хаверц. Нафрлувањето на Давид Раум го погоди во прстот Јоаким Андерсен. Судијата на теренот остави играта да продолжи, но по интервенција од ВАР ја погледна ситуацијата и досуди пенал кој во гол го претвори Каи Хаверц. Данците се жалеа на оваа одлука по натпреварот. Андерсен тврди дека таа ситуација не е пенал бидејќи топката го погодила во прстот од непосредна близина и порача дека фудбалот не може да се игра така што ќе трчаш со рацете зад грб. Одлуката сепак беше донесена и истата резултираше со гол на Германија. Воедно, УЕФА ја објасни причината за донесувањето на одлуката. „Во текот на натпреварот помеѓу Германија и Данска технологијата која се наоѓа во официјалната топка за Европското првенство покажа дека данскиот дефанзивец, Јоаким Андерсен играше со рака во казнетиот простор. Сензорот во топката забележа допир на раката на играчот со површината на топката. „Отчукувањето на срцето“ на топката беше прикажано на телевизискиот пренос, истиот кој судијата го виде при проверката на ситуацијата на теренот. Снимката покажува дека допирот на раката и топката траел точно 500-ти дел од секундата“, објаснија од УЕФА.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.