August 4, 2025 | | Македонија
Македонскиот младински репрезентативец Никола Величковски е нов фудбалер на Брера Струмица. 20-годишниот напаѓач веќе тренира со тимот, кој новата сезона во Првата македонска лига ќе ја започне со гостување кај Силекс во Кратово. Величковски доаѓа од бугарскиот Септември Софија, а претходно настапуваше за Вардар, Работнички и Македонија ЃП. Се работи за еден од најталентираните напаѓачи во својата генерација, кој е и еден од носителите на македонската репрезентација до 21 година. За младинските селекции на Македонија има повеќе од 20 настапи и 5 постигнати гола.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |