August 5, 2025 | | Македонија
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, е сериозен кандидат за нов тренер на косовскиот гигант Приштина, јавуваат албанските медиуми. Клубот е во потрага по наследник на Арсим Таќи, а според информациите, преговорите со Ангеловски се во напредна фаза, па постои голема веројатност наскоро да биде постигнат договор. До изборот на нов тренер, тимот го предводи Блерим Буњаку, досегашниот асистент на Таќи. Ангеловски остана запаметен како селекторот кој ја одведе Македонија до историскиот настап на ЕУРО 2020, а во својата клупска кариера работеше во Работнички (каде беше и спортски директор), хрватска Горица, како и во казахстански Каспиј, каде што го заврши ангажманот во јули 2023 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |