August 5, 2025 | | Свет
Во рамки на 18. коло од бразилската Серија А, Сантос ја совлада екипата на Хувентуд со 3-1, а херој на натпреварот беше Нејмар. Бразилската ѕвезда, која во последниот период беше под жестоки критики од навивачите и дури влезе во конфликт со дел од нив, конечно одигра натпревар каков што се очекува од него. Со два погодоци во 37. минута и на десетина минути пред крајот, Нејмар му донесе голема победа на својот тим. Ова беа први голови за Нејмар по дуелот со Фламенго пред повеќе од еден месец, кога исто така беше стрелец на единствениот гол на средбата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |