August 5, 2025 | | Македонија
Македонскиот првак Шкендија вечерва на домашен терен го пречекува Карабах во првиот меч од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите.
Тетовци досега одиграа четири натпревари во квалификациите со учинок од три победи и едно реми, па ќе се обидат да ја продолжат серијата без пораз и да си обезбедат добра предност пред реваншот.
Тренерот Јетон Беќири ќе настапи со истите 11 од победата во Букурешт против ФЦСБ, во формација 4-2-3-1, која досега се покажа добитна за „црвено-црните“.
Кај гостите ќе има две измени во однос на минатонеделниот дуел со Шелбурн. Карабах својот пат го почна од второто коло и Скопје ќе биде неговата втора станица на патот кон групната фаза.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |