August 6, 2025 | | Свет
Португалскиот фудбал е во жалост по ненадејната смрт на Жорж Коста, легендарниот капитен на Порто, кој на 53-годишна возраст почина во вторникот. Од 2024 година тој ја извршуваше функцијата спортски директор на клубот. Еден од најпотресените е Жозе Мурињо, кој со Коста во 2004 година ја освои Лигата на шампионите со Порто. На прес-конференција, Мурињо со тешки емоции се прости од својот поранешен капитен. „Жорж е дел од моето минато, значаен дел од мојата историја,“ изјави Мурињо. „Имате капитени и имате лидери. Не е важна капитенската лента на раката, туку постапките кои ги правите. Обожавав да кажам дека тој беше човекот што го чистеше ѓубрето, човекот кој сите ги држеше под конец. За секој тренер е благослов да се има таков играч во тимот.“ Со солзи во очите, Мурињо додаде: „Уништен сум, во моментов не можам да мислам на фудбал, мислам само на него. Но ако сега можеше да ми прозбори, ќе ми кажеше: ’Заврши ја прес-конференцијата, заборави на мене и фокусирај се на натпреварот, победи.’ Па тоа и ќе го направам… ќе ја завршам работата денес, ќе ја завршам работата и утре… и ќе плачам подоцна.“ Жорж Коста ќе остане запаметен како еден од најголемите лидери во историјата на Порто и клучна фигура во најголемиот успех на клубот.
José Mourinho won in 2004 de Champions League met FC Porto. Jorge Costa was toen zijn aanvoerder. De voormalig profvoetballer overleed vandaag op 53-jarige leeftijd aan een hartstilstand. pic.twitter.com/rzSHknimIp
— Voetbalzone (@voetbalzonenl) August 5, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |