Веќе нема дилеми: Се знае каде ќе игра Шешко!

August 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Веќе нема дилеми: Се знае каде ќе игра Шешко!

Се чини дека трансфер сагата на Бенјамин Шешко е при крај – словенечкиот напаѓач ја донел конечната одлука за својата иднина. Според информации на познатиот англиски новинар Дејвид Орнстејн, Шешко ја одбрал понудата на Манчестер јунајтед и во наредните денови трансферот треба да биде целосно комплетиран. Иако РБ Лајпциг ја прифати понудата на Њукасл, 21-годишниот голгетер сепак решил неговата следна дестинација да биде „Олд Трафорд“. Ваквиот развој на настаните создава дополнителни проблеми за Александер Исак, кој речиси сигурно ќе заминеше во Ливерпул доколку Њукасл го обезбедеше потписот на Шешко. Сега клубот ќе мора да бара нов напаѓач за да го отвори патот за евентуален трансфер на Швеѓанецот кон „Енфилд“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.