August 6, 2025 | | Македонија
Навивачите на Шкендија повторно упатија националистички скандирања на натпреварот против Карабах на Националната арена „Тодор Проески“. Во текот на мечот, од трибините неколку пати се слушаа скандирања „Голема Албанија“ и „Илирида“, и покрај претходните предупредувања од Министерството за внатрешни работи (МВР) дека ќе се санкционира секој националистички испад. Од МВР информираат дека СВР Скопје врз основа на снимениот и документиран материјал веќе презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител. Ваквите испади не се новост за навивачката група на тетовскиот клуб – тие се случуваат речиси на секој натпревар, а кулминацијата беше по трагедијата во Кочани, кога за време на минутата молчење наместо почитување на жртвите се слушаа свирежи и песни за УЧК.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |