Шкупи нема да може да игра во Чаир, стадионот не ги исполнува условите

August 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкупи нема да може да игра во Чаир, стадионот не ги исполнува условите

Со стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, од петок официјално се воведува ВАР-технологијата, која за првпат ќе се користи во домашниот шампионат. Сепак, не сите клубови се подготвени за новитетот. Како што соопшти претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, стадионот на Шкупи во Чаир не ги исполнува минималните технички услови за користење на ВАР. „Шкупи не го исполни својот дел од обврските – не се поставени платформите за камерите, ниту е обезбедена климатизирана просторија, што беше јасно посочено уште пред извесно време. Поради тоа, нема да добијат дозвола да играат на стадионот во Чаир и ќе мораат да најдат алтернативно решение“, изјави Омерагиќ на денешната презентација на системот. Од оваа сезона, сите натпревари од Првата лига ќе се играат исклучиво на стадиони кои се технички подготвени за користење на ВАР. Според ФФМ, сите останати стадиони веќе го исполнуваат овој услов. Шкупи првото коло ќе го одигра на гостински терен против Шкендија во Тетово, но во второто коло, каде што треба да биде домаќин, ќе мора да настапи на друг соодветен стадион.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.