Милан го претстави Ардон Јашари: 39 милиони евра за новото засилување

August 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан го претстави Ардон Јашари: 39 милиони евра за новото засилување

Милан и официјално го претстави Ардон Јашари како ново засилување на тимот. Швајцарскиот фудбалер пристигнува од редовите на Клуб Бриж за сума од 39 милиони евра, по успешни преговори меѓу двата клуба. Јашари уште утрово слета во Милано, каде ги мина задолжителните лекарски прегледи, а потоа стави потпис на петгодишен договор со италијанскиот гигант. Клуб Бриж направи голем профит од оваа зделка, имајќи предвид дека пред само една година за услугите на Јашари плати шест милиони евра на Луцерн. Според најавите од „росонерите“, Јашари веднаш ќе добие место во стартниот тим на Масимилијано Алегри, а во новата сезона ќе настапува со бројот 30 на дресот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.