Суперкомпјутерот пресмета: Ливерпул ќе ја одбрани титулата, Јунајтед пак ќе потфрли

August 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Суперкомпјутерот пресмета: Ливерпул ќе ја одбрани титулата, Јунајтед пак ќе потфрли

До стартот на новата сезона во Премиер лигата остануваат уште десетина дена, а аналитичкиот суперкомпјутер на „Опта“ ја објави својата прогноза за изгледот на табелата на крајот од шампионатот. Според овие пресметки, Ливерпул ќе ја одбрани титулата од минатата сезона, додека останатиот состав на „топ-4“ ќе остане непроменет: Арсенал ќе заврши на второто место, Манчестер Сити на третото, а Челси на четвртото. Првата поголема промена се очекува на петтата позиција, каде што, наместо Њукасл, кој таму заврши минатата сезона, прогнозата ја поставува Астон Вила. Изненадувачки, прогнозата е многу неповолна за Тотнем и Манчестер Јунајтед – на „Спарс“ им се предвидува 14. место, додека „ѓаволите“ ќе бидат дури 12-ти и надвор од борбата за европските натпреварувања. Сепак, ваквите пресметки мора да се земат со резерва. Минатата сезона, на пример, суперкомпјутерот предвидуваше Манчестер Сити да биде шампион, но „граѓаните“ на крајот завршија на третото место.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.