August 7, 2025 | | Македонија
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека на 5 август во вечерните часови бил приведен 37-годишен навивач на Шкендија поради истакнување на симбол што поттикнува национална, верска и расна омраза и нетрпеливост. Според соопштението, лицето М.М. (37), со германско државјанство, се движел на мотоцикл со тетовски регистарски таблички по булевар „Илинден“ во Скопје, кога бил забележан од полицијата со симбол што предизвикува тензии. Од страна на полициските службеници на СВР Скопје веднаш бил лишен од слобода, а по консултација со јавен обвинител и целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава по член 319 од Кривичниот законик. Дополнително, МВР реагираше и на националистичките скандирања од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ за време на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах, кога дел од навивачите скандираа „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“. Министерството остро ги осуди ваквите извици и најави дека ќе бидат преземени строги мерки за санкционирање на говорот на омраза и предизвикување национална нетрпеливост, како на стадионите така и надвор од нив.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |