Без Лео, со Луис: Суарез ја презеде палката во Мајами (ВИДЕО)

August 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Без Лео, со Луис: Суарез ја презеде палката во Мајами (ВИДЕО)

Интер Мајами обезбеди пласман во нокаут-фазата на КОНКАКАФ Лига купот по победата од 3-1 над мексиканскиот тим УНАМ. Иако без повредениот Лионел Меси, тимот од Флорида успеа да ја заврши групната фаза на второто место. Гостите први поведоа преку Рувалкаба во 34. минута, но веднаш пред крајот на првото полувреме, Суарез асистираше на Де Пол за 1-1. Уругваецот во второто полувреме погоди од пенал со „паненка“, а потоа му асистираше на Аљенде за конечни 3-1. Покрај Интер Мајами, пласман во четвртфиналето обезбеди и Сиетл, додека Лос Анџелес Галакси и Синсинати ќе ги одиграат своите решавачки мечеви вечерва.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.