Пријателството заврши со шамари: Срамна завршница на Бетис – Комо (ВИДЕО)

August 7, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Пријателството заврши со шамари: Срамна завршница на Бетис – Комо (ВИДЕО)

Пријателски натпревар меѓу Бетис и Комо се претвори во вистински хаос кој повеќе наликуваше на боксерски ринг отколку на фудбалски терен. Инцидентот се случи во финишот на првото полувреме, кога Пабло Форналс и Максимо Пероне влегоа во жесток судир. Форналс прв ја загуби контролата и му удри шлаканица на Пероне, кој не остана должен – возврати со директен бокс во лицето на играчот на Бетис. Тука не заврши се. Во стил на видео-игра, Чучо Ернандез влезе во акцијата со летачки старт, обидувајќи се да го удри Пероне, но ја утна целта и ненамерно го нокаутираше сопствениот соиграч – Натан. Моментот потоа предизвика масовна турканица – се вклучија и резервните играчи од двете страни. За среќа, стјуардите и дел од помирните фудбалери успеаја брзо да ги смират страстите и играта продолжи. Иако станува збор за пријателски меч, сцените беа далеку од спортски дух, а се очекуваат дисциплински мерки за вклучените фудбалери.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.