August 7, 2025 | | Македонија
Навивач на фудбалскиот клуб Шкендија, кој беше уапсен непосредно пред натпреварот со Карабах на 5 август во Скопје, експресно доби пресуда и казна од македонските институции. Станува збор за германски државјанин, кого полицијата го приведе на булеварот „Илинден“ пред почетокот на мечот, откако истиот истакнал знаме на т.н. „Голема Албанија“ со натпис „Автохтона“. Според МВР, со ваквиот чин биле поттикнати омраза, раздор и етничка нетрпеливост. По итна постапка, СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а Основниот кривичен суд веднаш му изрече казна: две години условна затворска казна, депортација од државата и забрана за влез во Македонија во следните пет години. МВР го квалификува случајот како кривично дело по член 319 од Кривичниот законик – „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |