Модриќ има големи планови во Реал Мадрид во иднина!

August 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Модриќ има големи планови во Реал Мадрид во иднина!

Шпанските медиуми откриваат дека Лука Модриќ има јасен план за иднината – по завршувањето на неговата играчка кариера сака да седне на клупата на Реал Мадрид како тренер на првиот тим. Хрватската легенда веќе разговарала за ова со претседателот Флорентино Перез, кој со големо одобрување ја прифатил идејата. Модриќ, кој од 2012 до ова лето носеше бело и во тој период стана најтрофеен фудбалер во историјата на клубот, е подготвен да го продолжи својот „мадридски“ пат, но од друга улога. Планот е да ја започне тренерската кариера во младинската академија на „кралевите“ – исто како што тоа го направија Раул, Гути, Зидан, Арбелоа и Чаби Алонсо. Овие легенди прво го усовршуваа тренерскиот занает во погонот на клубот, а потоа тргнаа по својот пат. Со оглед на страста и лидерските квалитети што Модриќ ги покажуваше на теренот, навивачите на Реал Мадрид веќе сонуваат за денот кога ќе го видат како стратег на тимот што го обележа неговиот врв во кариерата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.