Даку: Се срамам од моето однесување, се извинувам

June 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Даку: Се срамам од моето однесување, се извинувам

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку направи скандалозен потег на Европското првенство кога ги вреѓаше Македонците и Србите заедно со албанските навивачи. Тоа резултираше со суспензија од УЕФА каде потоа тој се извини но не ги спомена тие кои ги навреди. Потоа реагираше и татко му кој рече дека син му не требало да го направи тоа и дека е добро момче. Даку пак се огласи и рече дека се срами од неговото однесување. „По првиот натпревар против Италија, нашиот дефанзивец Хисај доби многу критики од навивачите и медиумите. По мечот со Хрватска сакав да му дадам поддршка и отидов со него на навивачката трибина, за навивачите да го прифатат, да го поддржат и да го споделат моментот на радост со него. Тогаш го зедов мегафонот и ги кажав тие зборови. Навивачите често си дозволуваат да упатуваат навредливи повици до навивачите на други земји и атмосферата ве зафаќа, тоа влијае на сите на стадионот. Тој меч имаше емотивна завршница, го постигнавме израмнувачкиот гол во последната минута и јас дебитирав на ЕП, емоциите беа многу големи. Но, тоа не го оправдува мојот потег. Веднаш по ова сфатив дека згрешив затоа што изговорив несоодветни зборови“, рече Даку.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.