August 8, 2025 | | Свет
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, би можел да ја продолжи својата тренерска мисија во Премиер лигата на Босна и Херцеговина. Според информациите на порталот „klix.ba“, тој е меѓу главните кандидати за клупата на ФК Сараево, кој остана без стратег по разделбата со Зоран Зекиќ. Иако пред неколку недели се шпекулираше дека Ангеловски е блиску до косовска Приштина, новата опција му ја отвора вратата кон клуб кој веќе има силен македонски печат. Летово спортскиот директор Крсте Велкоски во тимот ги донесе Стефан Ристовски и Агон Елези, а со потенцијалното доаѓање на Ангеловски, Сараево би добило четврти македонски претставник. „Работиме напорно за да најдеме најсоодветно решение за клупата. Разбираме дека навивачите се нетрпеливи, но сè уште не сме донеле конечна одлука“, изјави Велкоски, оставајќи ја вратата ширум отворена за можен ангажман на поранешниот селектор.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |