August 8, 2025 | | Свет
Словенечкиот голгетер Бенјамин Шешко е веќе во Манчестер и денеска треба да ги финализира сите детали за својот премин во Јунајтед. Презентацијата е закажана за утре, а додека „црвените ѓаволи“ ја привршуваат работата, во Милано внимателно го следат развојот на ситуацијата. Причината? „Росонерите“ се во потрага по нов напаѓач и веќе подолго време имаат око на данскиот ас Расмус Хојлунд. За него тоа би значело враќање во Серија А, лигата каде блесна во дресот на Аталанта. Милан верува дека со доаѓањето на Шешко на „Олд Трафорд“, Јунајтед ќе биде поподготвен да преговара за Хојлунд и да прифати поволна зделка. Планот на клубот од „Сан Сиро“ е едногодишна позајмица со опција за целосен откуп.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |