August 8, 2025 | | Македонија
Фудбалскиот клуб Шкупи ја започна новата сезона во вистински турбулентна атмосфера. На гостувањето кај Шкендија, стартниот состав на чаирчани броеше дури седум фудбалери од младинската школа, што јасно ја отсликува моменталната криза во тимот. И покрај затегнатите односи со сегашното раководство, верните навивачи сепак пристигнаа во Тетово за да го бодрат клубот. Но, среде второто полувреме, нивниот револт еруптираше каде извадија транспарент со силна порака. „Во Шкупи нема место за изманици“ – јасно насочувајќи ја критиката кон управата. Веднаш потоа, во знак на протест, ја напуштија трибината, оставајќи ја екипата без својата најгласна поддршка. ФОТО: Спорт1
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |