Тер Штеген го потпиша документот и повторно стана капитен

August 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Тер Штеген го потпиша документот и повторно стана капитен

Изгледа дека кризата меѓу Барселона и Марка-Андре тер Штеген е надмината. Германскиот голман, кој подолго време е надвор од терените поради повреда, конечно го потпиша медицинскиот извештај – документ кој му овозможува на клубот да регистрира друг играч на негово место. Последниве денови во каталонскиот гигант владееја тензии. Тер Штеген одбиваше да го потпише извештајот, поради што раководството на Барселона му ја одзеде капитенската лента. Ситуацијата сега е смирена – клубот потврди дека документот е испратен до Ла Лига, а голманот повторно е вратен меѓу капитените. Сепак, и покрај овој потег, извесно е дека дури и по опоравувањето, Тер Штеген ќе има ограничена минутажа, бидејќи моментално важи за трет избор на голманската позиција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.