Денеска две средби од ПМФЛ: Струга против „лавовите“, Башкими во дерби со Арсими

August 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Денеска две средби од ПМФЛ: Струга против „лавовите“, Башкими во дерби со Арсими

Ако старата изрека „по утрото денот се познава“ важи и за фудбалот, тогаш новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ветува вистинско шоу. Првите два петочни натпревари донесоа дури 11 погодоци и убедливи домашни триумфи. Денеска љубителите на фудбалот ќе уживаат во уште две средби – прволигашка атмосфера се враќа во Струга и Куманово. Во Струга, поранешниот шампион Струга Трим Лум ќе го пречека минатогодишниот второлигашки првак Македонија Ѓорче Петров. Иако составите претрпеа промени во однос на минатата сезона, квалитетот сепак е на страната на домаќините. Сепак, „лавовите“ на Бобан Грнчаров сигурно нема да излезат на терен со бело знаме. Во Куманово, по долга пауза, повторно се игра прволигашки фудбал. Атмосферата во градот е наелектризирана, а Башкими е подготвен да ја започне сезоната пред својата публика. Противник е добро познатиот ривал од Втората лига – Арсими. Со оглед на бројните летни промени во двата табора, фаворитот е тешко да се предвиди. Двете средби од денешната програма на ПМФЛ ќе започнат во 17:30 часот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.