Нова повреда за „Златната топка“

August 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Нова повреда за „Златната топка“

Нови грижи за Манчестер Сити – Родри повторно е надвор од терените. Шпанскиот репрезентативец и актуелен освојувач на „Златната топка“ ќе паузира најмалку до крајот на септември поради нова повреда, потврди Пеп Гвардиола. Ова е втор сериозен удар за ѕвездата на „граѓаните“ во краток период. На крајот на 2024 година Родри заработи тешка повреда на коленските лигаменти, по што ја пропушти завршницата на сезоната. Иако се врати во тренажен процес и се обиде да го забрза камбекот, прераното оптоварување повторно му донесе проблеми, што значи дека Гвардиола ќе мора да бара нови решенија во средниот ред.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.