Аморим: Шешко е вистинскиот напаѓач за нас

August 9, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Аморим: Шешко е вистинскиот напаѓач за нас

Манчестер Јунајтед денес го претстави своето најново засилување – словенечкиот голгетер Бењамин Шешко. Со неговото доаѓање, „црвените ѓаволи“ ја заокружуваат летната офанзива во која на напаѓачката линија ѝ додадоа уште две ѕвезди – Матеус Куња и Брајан Мбеумо. За овој троен потег, клубот инвестираше над 200 милиони фунти. Менџерот Рубен Аморим објасни дека Шешко е токму типот на фудбалер што му недостигал на тимот. „Бен има сè што баравме – физичка моќ, брзина, одличен скок и чувство за простор. Млад е, има огромен потенцијал и верувам дека ќе напредува уште многу. Совршено ќе се вклопи во нашиот карактер и стил.“ Аморим е убеден дека словенечкиот напаѓач не само што ќе ја засили офанзивата, туку ќе донесе и дополнителна енергија и амбиција во соблекувалната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.