August 9, 2025 | | Македонија
Еден од врвните европски судии, Холанѓанецот Дани Макели, ќе ја води средбата меѓу Карабах и Шкендија во Баку, во рамките на реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Макели ќе има поддршка од сонародниците Хесел Стегстра и Јан Де Врис како асистенти, додека четврти судија ќе биде Марк Нагтегал. Технологијата ќе биде во рацете на ВАР судијата Денис Хиглер, а негов помошник ќе биде Ричард Мартенс. По минималниот пораз од 1-0 во Скопје, „црвено-црните“ од Тетово во Баку ќе мораат да одиграат меч од соништата за да стигнат барем до продолженија и да ја продолжат битката за плеј-офот. Иако Шкендија веќе има сигурно место во групната фаза на Конференциската лига, желбата е јасна – тимот ќе се обиде да направи сензација и да стигне уште подалеку во најпрестижното европско натпреварување.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |