Реал Мадрид воведува АИ технологија за превенција од повреди

August 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид воведува АИ технологија за превенција од повреди

Реал Мадрид ќе примени напредна технологија базирана на вештачка интелигенција со цел да го намали бројот на повреди, по предлог на новиот тренер Чаби Алонсо. Шпанскиот стратег, кој летово го презеде кормилото на „кралскиот клуб“, побарал уште при потпишувањето на договорот во тренинг-процесот да се интегрира системот „ТермоХјуман“. Овој софтвер, во комбинација со термални камери, открива промени во температурата на телото кои можат да сигнализираат ризик од повреда. Играчите се снимаат со специјална камера, а алгоритмот ги анализира снимките и ги споредува со широка база на податоци, со што се идентификуваат можни дисбаланси или преоптоварувања. Алонсо веќе имал позитивно искуство со оваа технологија во Баер Леверкузен, а неа ја користат и клубови како Астон Вила и Ница. Иако „ТермоХјуман“ не претставува медицинска дијагностичка алатка и не може целосно да ги елиминира повредите, во Реал сметаат дека системот ќе обезбеди вредни податоци за состојбата на телото, помагајќи во превентивната работа на стручниот штаб. Минатата сезона Реал се соочи со сериозни проблеми – дури 51 повреда, од кои 37 мускулни, што негативно се одрази врз резултатите. Алонсо верува дека со комбинација од технологија и стручна анализа, овој број може значително да се намали.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.