August 10, 2025 | | Свет
Арсенал оствари убедлива победа од 3-0 против Атлетик Билбао во пријателска пресметка на „Емирати“, а вниманието го украде новото засилување Виктор Ѓокереш. Швеѓанецот постигна гол уште на своето деби, а по натпреварот менаџерот Микел Артета не ја криеше гордоста. „Сè што прави е чист инстинкт, и токму тоа му носи толку многу голови во последните години. Начинот на кој ја загрозува одбраната е импресивен – ги врзува дефанзивците за себе, а ако му дадеш простор еден на еден, ќе те казни“, изјави шпанскиот стратег. Во листата на стрелците се запиша и Каи Хаверц, кој минатата сезона често ја покриваше центарфорската позиција. Артета верува дека двајцата можат да бидат одличен тандем. „Каи може да игра на повеќе позиции, а заедно со Ѓокереш го креваат квалитетот на тимот. Убаво е да гледаш како двајцата даваат голови – тоа е сладок проблем за мене“, додаде Артета со насмевка.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |