Кристал Палас го сруши Ливерпул на пенали и го освои Комјунити Шилд (ВИДЕО)

August 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кристал Палас го сруши Ливерпул на пенали и го освои Комјунити Шилд (ВИДЕО)

Кристал Палас го изненади Ливерпул и по драматична пенал-серија (3-2) го освои својот прв трофеј во Комјунити Шилд. „Црвените“ тргнаа моќно и уште во 4. минута поведоа со погодокот на Уго Екитике. Но, тимот од Лондон брзо возврати – Жан-Филип Матета во 17. минута го израмни резултатот, а само четири минути подоцна Жереми Фримпонг донесе ново водство. Во второто полувреме, Палас успеа да остане во игра и преку Исмаила Сар во 77. минута дојде до 2-2, што значеше пенал-одлучување. Пеналите започнаа катастрофално за Ливерпул – Мохамед Салах го промаши целиот гол, а Матета донесе водство за Палас. Мекалистер, исто така, промаши, но и Езе не реализираше за гостите. Потоа Гакпо и Сар погодија, додека Елиот ја продолжи лошата серија на „црвените“ со ново промашување. Соса не успеа да ја искористи шансата да го затвори натпреварот, по што Собослаи ја одржа надежта на Ливерпул. Сепак, Девени беше прецизен и донесе голема радост за Кристал Палас, кој го освои првиот трофеј во ова натпреварување.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.