August 10, 2025 | | Свет
Екипата на Ливерпул денеска го започна новиот натпреварувачки циклус со пораз од Кристал Палас во мечот за Комјунити Шилд трофејот, откако по 90 минути игра резултатот беше 2-2, а победникот беше решен по изведувањето на пенали. Таму, „црвените“ одиграа далеку под своето ниво и промашија дури три удари од белата точка – преку Мохамед Салах, Харви Елиот и Алексис Мекалистер – што Палас умешно го искористи за да стигне до пехарот. И покрај разочарувачкиот епилог, новиот стратег на Ливерпул, Арне Слот, не беше премногу критичен кон своите избраници. „Немам што да замерам, секој може да промаши пенал. Важно е дека играчите дадоа сè од себе и покажаа голема желба и труд на теренот. Секако, имаше одредени детали на кои мораме да поработиме,“ изјави Слот по натпреварот. Холандскиот тренер потенцираше дека тимот сè уште е во процес на адаптација, особено затоа што летово пристигнаа неколку нови засилувања кои допрва треба да се вклопат во тактичките замисли. „Во екипата имаме нови фудбалери кои се со нас кратко време, но сезоната е долга и верувам дека ќе се покажат како одлични засилувања,“ додаде тој. За Ливерпул нема премногу време за анализа – веќе во петок тимот го очекува првиот натпревар во новата сезона од Премиер лигата, на гости кај Борнмут, со почеток од 21:00 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |