August 10, 2025 | | Свет
Белгиската фудбалска ѕвезда Еден Азар ја шокираше јавноста во 2023 година кога, на само 32 години, реши да ја заврши својата професионална кариера. По неколку бурни сезони во Реал Мадрид, каде што пристигна како големо засилување, но заврши како едно од најголемите разочарувања, многумина очекуваа дека ќе продолжи во некој друг клуб. Постоеше можност да остане во Европа или да замине на профитабилен ангажман на Блискиот Исток или во САД. Сепак, Азар донесе поинаква одлука. „Сакав да бидам на терен 90 минути, тоа е вистинската љубов кон фудбалот. Но сè друго што го опкружува — патувањата, бескрајните тренинзи, медиумските обврски — едноставно не ми се допаѓаше. Денешните тренери дури работат повеќе од играчите, постојано се пред компјутер со своите асистенти, и тоа не ме привлекуваше“, изјави тој. Така, наместо да ја продолжи кариерата, Азар реши да се повлече и да се оддалечи од фудбалската сцена.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |