August 11, 2025 | | Свет
Голманот Дин Хендерсон стана херој на Кристал Палас, одбрани два клучни пенали против Ливерпул и му донесе на клубот од Лондон трофеј во англискиот Суперкуп – втор во последните три месеци. Дуелот на „Вембли“ заврши 2-2, а во пенал-серијата Хендерсон ги запре ударите на Макалистер и Елиот, додека Салах шутираше над голот. За Палас промашија Борна Соса и Езе. Ова е само втор пехар во 120-годишната историја на клубот, по историската победа во ФА Купот во мај, кога Хендерсон исто така беше јунак со одбранет пенал во финалето против Манчестер Сити. Хендерсон ги воодушеви навивачите и по мечот – со медалот околу вратот влезе во паб полн со фанови на Палас и плати сметка од 1.000 фунти за сите присутни. „Ги сакам големите моменти и притисокот што тие го носат. Два трофеја за три месеци се неверојатни, а емоциите – фантастични“, изјави Хендерсон. Поранешното дете на Манчестер Јунајтед најголемиот дел од кариерата го мина на позајмици (Стокпорт, Гримзби, Шрузбери, Шефилд Јунајтед, Нотингем Форест), пред Кристал Палас да го купи пред две години за 15 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |