August 12, 2025 | | Свет
Навивачите на Манчестер Јунајтед со нетрпение ја очекуваат новата сезона, надевајќи се дека нивниот клуб ќе се врати на славните денови. Но, пред првиот свиреж, атмосферата околу „Олд Трафорд“ ја наруши еден неочекуван „удар“ – цените на пивото. Од оваа сезона, шише „Карлинг“ на стадионот ќе чини 5,70 евра, што претставува зголемување од 30%, додека чаша „Мадри“ скокна за дури 51% и сега ќе се продава за 6,65 евра. Од управата на клубот објаснуваат дека новите цени се „реално прилагодување“ бидејќи претходно пијалоците биле продавани со попуст. Сепак, голем дел од фановите сметаат дека по долгогодишните високи трошоци за билети и клубска опрема, ова е уште еден знак дека „Ѓаволите“ се повеќе се насочени кон профит отколку кон навивачите. Сезоната Манчестер Јунајтед ја отвора против Арсенал на 17 август во 17:30 часот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |