August 12, 2025 | | Свет
Реал Мадрид ќе поднесе жалби и барања до УЕФА, ФИФА и Високиот спортски совет на Шпанија со цел да го спречи одигрувањето на натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона во Мајами. „Кралевите“ сметаат дека шпанското првенство мора да се игра исклучиво на територија на Шпанија, бидејќи преместувањето на мечот во странство е спротивно на традицијата, регулативите и интересите на навивачите кои редовно го следат тимот на домашен терен. Одлуката на Ла Лига и организаторите да одржат меч од првенството во САД предизвика бурни реакции во шпанската јавност и кај дел од клубовите, но Реал Мадрид е првиот кој јавно најави конкретни правни чекори за да го стопира планот. Клубот ќе инсистира институциите да реагираат и да се осигура дека натпреварот ќе се одигра на шпанско тло.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |