Шкендија во плејоф со Лудогорец – европската есен загарантирана

August 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Шкендија во плејоф со Лудогорец – европската есен загарантирана

Лудогорец доживеа тежок пораз од 3-0 на гостувањето кај унгарскиот шампион Ференцварош и со вкупен резултат беше елиминиран од квалификациите за Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Бугарија заврши без голови, но реваншот во Будимпешта покажа голема разлика во квалитет – Ференцварош беше далеку посилен и заслужено обезбеди пласман понатаму. Овој развој на настаните значи дека следен противник на тетовска Шкендија во европските настапи ќе биде токму Лудогорец. За црвено-црните ова е голема можност да се борат за историски пласман во групната фаза на Лига Европа. Првиот меч ќе се одигра во Скопје на 21 август, каде што Шкендија ќе се обиде да создаде предност пред патувањето во Разград, Бугарија, каде реваншот е закажан седум дена подоцна. Победникот од двомечот ќе се најде во лигашката фаза на Лига Европа, додека поразениот ќе продолжи во Конференциската лига, што значи дека и двата тима ќе имаат загарантирана европска есен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.