August 12, 2025 | | Свет
Италијанскиот репрезентативен голман Џиџо Донарума со писмо се збогува од навивачите и соиграчите на Пари Сен-Жермен, објавувајќи дека неговата авантура во францускиот гигант завршува поради одлука на клубот тој да не биде повеќе прв избор на голманската позиција. Откако беше изоставен од составот за престојниот меч во Суперкупот на УЕФА, стана јасно дека Италијанецот повеќе не е во плановите на тренерскиот штаб. Според медиумските најави, Донарума би можел да направи трансфер уште ова лето и тоа во Манчестер Сити со кого веќе наводно ги договорил личните услови. Во своето писмо, поранешниот голман на Милан им се заблагодари на сите што му биле поддршка. „Од првиот ден кога пристигнав, давав сè од себе – и на теренот и надвор од него – за да го заслужам местото и да го бранам голот на ПСЖ. За жал, некој одлучи дека не треба повеќе да бидам дел од тимот и да придонесувам за неговиот успех. Искрено, сум разочаран и обесхрабрен.“ Донарума додаде дека се надева на можност да им се заблагодари на фановите лично. „Се надевам дека ќе можам уште еднаш да ги погледнам навивачите во очи на ‘Паркот на Принцовите’ и да им кажам збогум како што заслужуваат. Ако тоа не се случи, знајте дека вашата поддршка и љубов значат сè за мене. Никогаш нема да ги заборавам магичните ноќи со вас – ме направивте да се чувствувам како дома.“ Тој не го заборави ниту соблекувалната. „До моите соиграчи, моето второ семејство – благодарам за секоја битка, секоја шега и секој момент кој го споделивме. Секогаш ќе ве сметам за браќа. Играњето за ПСЖ и животот во Париз беа огромна чест за мене. Ти благодарам, Париз.“
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |