Рајола: Џиџо беше подготвен да ја намали платата, ПСЖ сака само пари

August 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Рајола: Џиџо беше подготвен да ја намали платата, ПСЖ сака само пари

Ситуацијата околу Џиџо Донарума и неговото заминување од ПСЖ станува сè пожешка, откако Енцо Рајола, синот на легендарниот и починат фудбалски агент Мино Рајола, остро реагираше на начинот на кој клубот се разделил со неговиот клиент. Донарума, кој мина четири сезони во Париз, синоќа со емотивно писмо се збогува со навивачите, но истовремено ја искажа својата горчина кон луѓето во клубот кои ја донеле одлуката за неговото заминување. Рајола истакна дека нема да ја исклучи можноста да го тужат ПСЖ поради начинот на кој бил третираниот италијанскиот голман. „Шокирани сме од ПСЖ. Има нула почит од клубот по четири години заедно. Ситуацијата ќе ја разгледаме и со нашиот правен тим“, изјави Рајола. Тој откри и дека Донарума бил подготвен да ја намали својата плата за да остане во тимот, но клубот повторно ги сменил условите во преговорите. „Џиџо беше подготвен и на финансиски жртви, но ПСЖ одлучи поинаку“, додаде Рајола. Во врска со иднината на својот клиент, агентот потврди дека ќе се разгледуваат сите можности, вклучително и трансфер во Премиер лигата, доколку некој клуб биде подготвен да ја плати сумата што ПСЖ ја бара. „Тие зборуваат за почит, но ги интересираат само пари“, заклучи Рајола.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.