August 13, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов имаше дебитантска вечер за паметење во дресот на АЕЛ Лариса, постигнувајќи гол во пријателскиот дуел на домашен терен против Пансераикос, кој заврши 1-1. Откако ги преседе првите два контролни натпревари на клупата, Атанасов доби шанса од првата минута на третиот меч и целосно ја оправда довербата на тренерот. Во 27. минута, по изведен корнер, тој успеа да реализира на вистински „мангупски“ начин – од мртов агол, користејќи ја збунетоста на противничката одбрана и изненадувајќи го голманот. Со овој гол, Атанасов најави дека ќе биде сериозно засилување за Лариса во претстојната сезона, а навивачите веќе имаат нов миленик пред стартот на официјалните натпревари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |