Суперкомпјутерот знае кој ќе биде новиот шампион во Ла Лига

August 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Суперкомпјутерот знае кој ќе биде новиот шампион во Ла Лига

Само неколку дена пред стартот на Ла Лига 2025/26, „Опта“ ја објави својата голема прогноза. Според симулациите, Барселона има најголеми шанси да ја одбрани титулата – 46,5%, додека Реал Мадрид е втор фаворит со 32,1%. Атлетико Мадрид доби 11,7% веројатност за трофејот. Во трката за четвртото место, кое носи Лига на шампионите, најдобро стои Вилјареал (13,8%), пред Атлетик Билбао (13,2%). Тимот на Мануел Пелегрини е проектиран за шестата позиција, а Севилја – и покрај само 0,9% шанси за титула – има најреални изгледи за Лига Европа. На дното, прогнозите не се охрабрувачки за новајлиите Леванте, Елче и Овиедо – сите се сметаат за главни кандидати за испаѓање. Изненадувачки, и Севилја е блиску до опасната зона, што најавува тешка сезона за тимот на Матијас Алмеида. „Опта“ ги добива резултатите преку симулација на целиот шампионат 10.000 пати, комбинирајќи обложувалнички коефициенти, Power Ranking систем и историски резултати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.